Немате платежна картичка?

Доколку немате платежна картичка KupiIgracka.mk ви нуди можност да платите и со уплатница.

Упатство за плаќање со уплатница:

1. Првенствено, ставете ги во кошничка производите кои сакате да ги купите. Кога ќе дојдете до чекорот за избор на начин на плаќање, потребно е да изберете плаќање со уплатница. Уплатницата која ќе треба да ја уплатите во банка или пошта изгледа вака:

2. Со кликање на копчето „Резервирај“, Вашата нарачка ќе биде резервирана во наредните 3 работни дена. Во овој период вие ќе треба да извршите уплата со општа уплатница.

Напомена: Уплатата ќе биде видлива на нашата сметка следниот работен ден од денот на уплата. Откога ќе извршиме евидентирање на уплатата на нашата сметка, ќе добиете електронска фактура на Вашата е-пошта, по што производите ќе Ви бидат испорачани на наведената адреса.