Упатство како да направите нарачка на KupiIgracka.mk



Почитувани корисници,

Откако успешно ќе се регистрирате и најавите на KupiIgracka.mk со вашиот личен кориснички профил, ќе можете да правите нарачки на посакуваните играчки/производи, со комплетирање на следнава процедура која се состои од неколку едноставни чекори и тоа:

Внеси во Кошничка



Најпрво изберете го посакуваниот производ. На страната каде се дадени деталите за производот кликнете на копчето „Внеси во кошничка“ кое се наоѓа веднаш под цената на производот.





Кон плаќање:


На следната страна во полето „Количина“, впишете ја потребната количина од производот и кликнете „Промени“. Под тоа поле на располагање Ви се и опциите „Избриши“ и „Зачувај за подоцна“. Доколку ја изберете последната опција производот ќе биде зачуван во вашата кошничка, по што слободно можете да пребарувате и да додавате нови производи. За да продолжите кон плаќање на производот, кликнете на полето „Продолжи со нарачка“. Доколку сакате да внесете уште производи во вашата кошничка, кликнете на „Продолжи со купување“.



Чекор 1


Следниот чекор е избор на адреса за достава. Овде можете да изберете некоја адреса која претходно сте ја навеле како адреса на испорака или да внесете нова. При внесување на нова адреса во делот „Адреса за достава“ ги пишувате контакт информациите на лицето каде што сакате да пристигне нарачката, а во делот „Адреса за фактурирање“ ги пишувате вашите податоци т.е. податоците на лицето шта ја прави нарачката.


Откако ќе ги внесете податоците во сите полиња кликате „Продолжи“. Непосредно пред да преминете на следниот чекор, можете да промените некој податок докoлку сте го погрешиле со кликање на „Промени“ или доколку се е во ред, избирате „Достави на таа адреса“.




Потоа се појавува страна со резиме на нарачаните производи. За да продолжете кон чекорот на достава и плаќање избирате опција „Понатаму“


Чекор 2



Во вториот чекор по желба избирате пакување и/или картичка за производите и тип на достава. Прво избирате дали сакате пакување, го чекирате копчето за пакување и копчето за картичка и пишувате краток текст за порака. Потоа го избирате типот на испорака, односно дали сакате производите да ви бидат доставени до дома или бесплатно да ги подигнете од просториите на Дексико. Подолу на страната, треба да го одредите и начинот на плаќање, преку селектирање на една од двете опции, со платежна картичка или со уплатница.


Чекор 3


Доколку плаќањето го вршите со платежна картичка, на наредната страна потребно е во соодветните полиња задолжително да ги внесете следниве информации:

- број на платежна картичка
- име на имателот на платежната картичка
- тип на платежната картичка
- важност на платежната картичка и
- CVV2/CVC2 (верификациските вредност/код на картичката)

Под полињата за внесување е дадена и слика со платежна картичка, на која е прикажано каде може да ги најдете податоците од картичката кои се бараат.

Откако ќе ги пополните задолжителните податоци, кликнете на полето „Продолжи“.



Доколку изберете плаќање со уплатница, ќе ви се прикаже слика со упатство како треба истата да биде пополнета. За да ја резервирате нарачката кликате на копчето „Резервирај“.