Упатство за регистрација на кориснички профил на KupiIgracka.mk



Почитувани корисници,

Креирајте ваш личен кориснички профил на нашиот портал KupiIgracka.mk и нарачувајте ги посакуваните играчки за вашите најмили во секое време. KupiIgracka.mk Ви овозможува да ја оценувате и коментирате целокупната понуда на производи достапни преку нашата интернет страница.

Процедурата за регистрирање и активирање на вашиот кориснички профил се одвива во неколку едноставни чекори и тоа:

ЗАЧЛЕНИ СЕ:


На почетната страна на нашиот портал KupiIgracka.mk одберете ја опцијата „Зачлени се“, која се наоѓа на крајниот десен простор од хоризонталното мени.



Чекор 1:


На страната за регистрација, задолжително внесете ги вашите лични податоци во соодветните полиња за име, презиме, е-адреса и лозинка. Пред да преминете на следниот чекор, неопходно е да ја штиклирате опцијата дека се согласувате со општите услови за користење на услугите на порталот, кои можете да ги прочитате кликнувајќи на приложениот линк.



Чекор 2:


На вашата електронска пошта ќе биде испратена електронска порака преку која ќе го потврдите активирањето на вашиот профил. Откако ќе се најавите на вашата електронска пошта, кликнете на приложениот линк во пристигнатата електронска порака за да го активирате вашиот профил.



Чекор 3:


Потврда: На крајот од целата процедура ќе бидете пренасочени кон страната за потврда на регистрацијата на вашиот кориснички профил на нашиот портал.