100 % сигурно плаќање со платежна картичка


 Плаќањето за вашите нарачки на KupiIgracka.mk е целосно сигурно и веќе проверено и потврдено од страна на повеќе од 27.700 верни корисници на KupiKniga.mk и KupiMoment.mk.

Сите платежни трансакции на KupiIgracka.mk се извршуваат со помош на системот на Стопанска банка, кој е овозможен и подржан од Casys C-Pay, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери посветени сме на максимална сигурност и доверливост.

Доколку имате своја платежна картичка едноставно целата трансакција се одвива електронски, сигурно и брзо. Пред внесувањето на бројот од платежната картичка пренасочени сте на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.

Доколку изберете плаќање со платежна картичка во чекорот плаќање ќе треба да го внесете Името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година), бројот на картичката и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на вашата платежна картичка.

Потоа потребно е да потврдите дека сте сигурни дека го купувате производот со јасно назначена цена и добивате потврда за успешно извршената трансакција.

Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција:
- Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка
- Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.
- Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.
- Доколку се наведено сте провериле и понатаму не можете да ја уплатите нарачката, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на Casys, па затоа ве замолуваме да не известите на contact@kupiigracka.mk